Ворли победи на велеслаломот во Марибор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француската скијачка, Теса Ворли победи на денешниот велеслалом во Марибор.

Ворли заблагодарувајќи на фантастичното скијање во вториот дел славеше на денешниот велеслалом. Постави време од 2:16:96, а зад себе ја остави италијанката Софија Гоџа која заостана 16 стотинки, а на третата позиција заврши швајцарката Лара Гут.

Четврта заврши американката Микаел Шифрин која беше прва после првиот дел, но на последните капии од вториот дел ја изгуби предноста.

Со активно скијање од овој спорт денес пред домашна публика се прости словенката Тина Мазе која пред целта застана и се поздрави со публиката.

Лидер во светскиот куп уште е Шифрин, а зад неа се Лара Гут и Теса Ворли.