Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новата сезона во Премиерлигата е на прагот,тимовите ги прават финалните измени во составите, а Вотфорд сака во своите редови да го доведе Кирен Гибс.
27- годишниот фудбалер на Арсенал не е во првите планови на Арсен Венгер, па затоа од Вотфорд сакаат да го искористат тоа и да го купат левиот бек кој што има и интернационално искуство.
Цената која ја бара Арсенал е 16 милиони фунти, а од таборот на Вотфорд се спремни да ја платат.
Договорот на Гибс му истекува наредното лето, па ако Арсенал не успее да го продаде тој ќе замине како слободен играч.