Во Баерн љубоморни на Роналдо – Ова е претеризам


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Роналдо со Реал Мадрид потпиша нов договор, а португалецот ќе заработува над 20 милиони евра.

    Ваквата плата го налути првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге кој е загрижен за тоа во кој правец одат ПЛ и Ла Лига.

    „Не претеруваат само во ПЛ со високите плати, тоа го прават и во Шпанија. Реал Мадрид го продолжи договорот со тројца фудбалери, а Роналдо би требало да заработува 20.5 милиони евра. Таа сума на пари не ја заработува ниту еден фудбалер ниту ако се сметаат порезите. Тоа е чист бизнис, не сакаат фудбалерите да заминат од клубовите, а тоа се однесува на англичаните“, изјави Румениге.