Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Еурофарм Работник во спортската сала Младост во Битола го победија Охрид, 28:22.
На полувреме битолчани заминаа со еден погодок предност, 11:10. Во 48-ма минута од натпреварот Еурофарм Работник имаше плус три, 18:15. Осум минути пред крајот на натпреварот ракометарите на Еурофарм имаа плус пет, 23:17. До крајот го задржаа водството и победија со 28:22.
Лазо Мајнов со 8 погодоци го предводеше Еурофарм Работник до нова победа. Серхио Барош постигна 6 погодоци. Кај Охрид најмногу се истакнаа Јанев и Кобетиќ со по 6 погодоци.