Во Марсеј одлучија колку ќе платат за Паје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скај Спорт не известува дека екипата на Олимпик Марсеј нема да плати ниту цент повеќе од 25 милиони фунти.

Шпекулации има многу, едни пишуваат дека после толку одбиени понуди, Марсеј се откажува од Паје, другите пак пишуваат дека тоа нема да се случи.

Сега се наведува дека Марсеј ќе се обиде да го доведе Паје па дури тоа да биде и на позајмица.

Паје моментално тренира со екипата на Вест Хем до 23 години откако објави дека сака да замине по секоја цена од Вест Хем овој месец.

Вест Хем за својот играч бара 30 милиони фунти, денеска е одбиена понуда на Марсеј вредна 22.5 милиони фунти, што и како ќе се случува со Димитри Паје останува да видиме.