Во јануари на Олд Трафорд се подготвува комплетна распродажба


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Жозе Мурињо донесе голема одлука за јануарскиот трансфер период.

    Дури 10 играчи на Манчестер Јунајтед се на излезната врата од клубот и клубот ќе се обиде да ги продаде во овој трансфер период.

    Според инфорамциите кои доаѓаат од Островот, првите фудбалери кои ќе го напуштат „Олд Трафорд“ и кои веќе имаат понуди од другите клубови се: Мемфис Депај, Морган Шнајдерлин, Матео Дармиан, Маркос Рохо, Ешли Јанг и Сем Џонстон.

    Некој од нив сигурно ќе го напуштат клубот, а освен горенаведените, клубот можат да го напуштат и Дејли Блинд, Маруан Фелаини како и Ентони Марсиал.

    Единственото сигурно заминување е на Бастијан Швајнштајгер, кој воопшто не е во плановите на клубот, а покрај него, најблиску до заминување е Морган Шнајдерлин, за кого е заинтересиран Тотенхем.