Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ доста се мачеше на почетокот од 2018. година, но на средината од оваа година го подигна нивото на играта и си обезбеди прво место на АТП листата.
Се чинеше дека српскиот тенисер нема да може да се врати во правата форма, дури не се наоѓаше и помеѓу првите 20 најдобри, но заигра брилијантно и ги покажа своите квалитети.
Претседателот на Асоцијацијата на тениски професионалци Крис Кермоде имаше само пофали зборови за Ѓоковиќ.
„Она што Новак го направи оваа сезона мора да биде едно од најголемите враќања генерално во спортот. Беше феноменално како тој се врати во форма и тоа што го направи беше скоро незамисливо пред шест месеци. Потполно го заслужува првото место на листата и би требало да е горд на својот успех“, изјави Кермоде.
Ѓоковиќ оваа сезона освои четири победнички трофеи и тоа Синсинати, Вимболдон, УС Опен и Шангај.