„Враќање во тренерската работа? Не во наредните пет години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неуспешната епизода во Валенсија дефинитивно го оддалечи Гери Невил од тренерската амбиција.

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед нема план во блиску време да се враќа како менаџер.

„Моето мото е: Никогаш не викај никогаш. Мојата љубов кон фудбалот е навистина голема.

„Но, ќе биде тешко да се вратам на тренерската работа, бидејќи имам премногу обврски.

Не можам да се вратам на тоа на кратко него, барем во наредните пет години.

Можно е повеќе никогаш да не бидам тренер, но тоа не е голема загуба“, рече Невил.

Покрај ангажманот во Валенсија, Невил беше и помошник селектор на Англија на Рој Хоџсон.