Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Во последниот натпревар од второто коло од суперлигата, ракометарите на Металург 2 славеа во Скопје против Радовиш со 30:27.
После првото полувреме вториот тим на Металург имаше минимална предност, 17:16. Вториот дел ракометарите на Металург 2 ја зголемија предноста и на крајот славеа со 30:27.
Крстевски Горан и Танкоски Марио со 7 погодоци го предводеа Металург 2 до победа. Кај Радовиш најефикасен беше Милан Левов со 9 погодоци.