Габигол зема 12 пати поголема плата во Интер!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во синиот дел на Милано баш и не цветаат ружи деновиве. После слабиот старт на сезоната, отказ на Де Бур е можен. А освен лошите резултати, Интер е во лоша состојба кога е во прашање и трансфер пазарот.

    Станува збор за Габриел Барбоса кој за 30 милиони евра премина од Сантос во Интер. Вангер Риберио инаку агент на Габигол изјави дека од Интер извадил големи пари за оштетување но исто така и Габигол ќе зема голема плата.

    Интер летово е продаден на група кинески инвеститори кои ветија многу пари. „Габигол го посакуваа сите. Од Интер и Јувентус до Арсенал и Лестер. На таква ситуација искористив и заработив доста пари за оштетување, а секако и Габигол постана еден од најплатените играчи во тимот“ – вели Риберио.

    Годишно, Габигол во Интер ќе заработува 4,5 милиони евра!