До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот од Бразил кој во летото стигна во Интер многу веројатно ја менува средината во јануари.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Габигол ќе замине на позајмица во друг клуб, но тој клуб сеуште не е откриен од страна на официјалните лица на Интер.
Постојат шпекулации дека Габриел Барбоса може да замине, во Италија се споменува Пескара и Емполи, додека во Шпанија најмногу се споменува Еспањол.
Неговиот менаџер, Киа Јорабичиан, ја преферира Шпанија, смета дека таму лесно ќе се наметне и дека ќе го покаже својот целосен потенцијал.
Токму поради тоа денешниот „Калчо Меркато“ пишува дека Габигол ќе патува во Шпанија во јануари месец.
Габигол стигна во Интер за сума од 25 милиони евра, а претходно во Сантос постигна 12 голови во 2016 година.
Овој 20-годишен Бразилец досега одигра само еден натпревар во Серија А за Интер, а успеа да постигне само еден гол и тоа на пријателски меч против Лугано во тек на лигашката пауза во октомври.















