Габриел Жесус не го избра онака бројот 33


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус неодамна потпиша за Манчестер Сити.

Жесус одлично ја почна авантурата во новиот клуб, постигна и еден погодок, а неговото доаѓање може да значи и заминување на Серхио Агуеро.

Во Жесус Пеп Гвардиола гледа голгетер на долги стази, а поранешниот играч на Палмеирас на Итихад стигна со број 33.

Токму тој број на дресот беше интересен избор за новинарите во Манчестер, но тогаш дознаа дека постои причина зошто Жесус го избра.

Бидејќи тој е религиозен, го избра бројот 33, број кој ја означува годината на смртта на Исус. Некогаш, по доаѓањето во клубот, овој број го носеше Винсент Компани.

Жесус против Вест Хем пред два дена го постигна дебитанскиот гол, а Пеп Гвардиола го пофали после тој меч.

„Многу е таленјтиран, одличен му е менталитетот и агресивноста. Сака да успее и тоа многу му помага. Сaка да постигне нешто во светот на фудбалот и тоа многу ќе му помогне“, истакна Гвардиола.