Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека размислува за воведување на нови посебни вежби со кои ќе се подобри ефектот на пеналите на тимот.
Во саботата против Евертон (1:1), „грѓаните“ промашија два досудени пенали, а од почетокот на сезоната промашија четири од досудените осум пенали во нивна полза.
„Не сум имал време да правам специјални вежби за изведувањето на пенали, но можеби ќе треба да го направам тоа. Ние не игравме лошо, жал ми е за играчите, бидејќи тие требаше да го добијат натпреварот“, изјави Гвардиола по средбата каде што неговиот тим упати 18 удари кон голот на противникот.
Пеналите ги промашија Кевин Де Брујн во првиот дел и Серхио Агуеро во вториот дел од натпреварот. За Аргентинецот ова беше втор промашен пенал за помалку од една недела, откако пред неколку дена тој промаши пенал за репрезентацијата.