До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чистката во Манчестер Сити продолжува, Пеп Гвардиола отпиша уште еден. Гвардиола доведе доста играчи во ова лето по доаѓањето во Сити, а некој го отпиша. Џо Харт замина, Јаја Туре стана неважен, а на прагот да го напушти Сити е и Винсент Компани.
Капитенот на Сити имаше доста проблеми со повредите, но ни по враќањето не доби шанса кај Гвардиола, кој не сметаше на Белгиецот за мечот на Ноу Камп. Очигледно дека Пеп сака да се ослободи од сите играчи кои на Сити донесоа две титули, ретките кои преживуваат со Агуеро и Коларов.
Пријателот на Компани Кевин Де Брујн кажа дека Винсент беше спремен за дуелот со Барселона, но дека одлука на тренерот била да не патува со екипата.
Поранешниот тренер на Барса и Баерн ќе дава шанси на помладите играчи, ќе ја смени целосно генерацијата, а дали ќе даде резултат, останува да видиме.















