Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во терминот од 17:45 се одиграа уште три натпревари, два од првото коло и еден од второто коло на СП во Франција.
Репрезентацијата на Германија славеше против Унгарија во натпревар од првото коло на СП во Франција во групата Ц, 27:23.
Двете репрезентации го почнаа добро натпреварот. Грецки и Генсхајмер и донесоја на Германија водство, 4:2. Германија во 17-та минута од натпреварот имаше водство од три погодоци, 8:5, Фет и Генсхајмер погодија.
Унгарците преку Бодо и Анчин намалија на само еден негатива, 8:7. Германците вратија на фантастичен начин по оваа серија од два погодоци на унгарците. Четири погодоци во серија за водство, 12:7. Генсахјмер и Грецки зголемија на шест погодоци предност, 14:8.
Две минути пред крајот на првото полувреме Хафнер и Грецки погодија за 16:9. Унгарците во финишот на второто полувреме постигнаа два погодоци во серија за на полувреме да заминат со негатива од пет погодоци, 16:11.
Унгарците фантастично стартуваа во второто полувреме. Четири погодоци во низа и ја намалија негативата на само еден погодок, 16:15.
Се играше гол за гол се до 53-та минута од натпреварот. Генсхајмер и Хафнер и донесоја предност на Германија од три погодоци, 24:21 пет минути пред крајот на натпреварот.
Германците со двата погодоци на Генсхајмер во последната минута ја запечатија победата, 27:23. Уве Генсхајмер ја предводеше Германија до победа на овој натпревар со 13 погодоци. Каи Хафнер додаде 7 погодоци. Кај Унгарија, Балог, Габор, Џамали, Јухаш, Бодо и Лекаи постигнаа по 3 погодоци.
Шведска го декласира Бахреин во натпревар од првото коло од групата Д, 33:16.
Швеѓаните влегоа фантастично во натпреварот. Двата погодоци на Готфридсон и по еден на Толбринг, Екберг, Лагергрен и донесоа на Шведска водство од 5:0.
Tолбринг постигна два погодоци во серија за големо водство од шест погодоци на Шведска, 7:1.
Ракометарите на Шведска направија една огромна серија од шест погодоци и пет минути пред крајот на првите 30 минути имаа двоцифрено водство, 15:4.
Пред крајот на првото полувреме Толбринг погоди два пати во серија за на полувреме Шведска да има голема предност, 12 погодоци, 17:5.
Шведските ракометари повторно фантастично отворија. Четири погодоци во низа за водство, 22:6. Екберг и Петерсон погодија за 25:9.
Четири погодоци беше најдоброто нешто од бахраинците на овој натпревар, 25:14. Следуваше серија на шведските ракометари од пет погодоци погодоци, 3 постигна Толбринг и 2 Нилсон за водство од 16 погодоци предност, 30:14.
Шведската репрезентација на крајот славеше со убедливи 33:16.
Џери Толбринг беше најефикасен во оваа убедлива победа на Шведска. Швеѓанецот постигна 10 погодоци. Матиас Захрисон го заврши натпреварот со 8 погодоци. Мохамед Хабиб Хасан кај Бахреин беше најефикасен со 4 погодоци.
Денес се играше натпреварот помеѓу домаќинот Франција и Јапонија во 2-то коло до СП во Франција.
Домаќинот како голем фаворит влезе во натпреварот и ја оправда улогата на крајот. Натпреварот започна со голот на Јапонија, но набрзо Валентин го израмни резултатот. Во првите 5 минути се играше рамноправен натпревар, а првото водство за Франција стигна во 6-та минута со голот на Мишел Гигу за 3:2.
Како изминуваше времето, Французите играа се подобро, а во 13-та минута имаа и 3 голови предност, односно резултат од 7:4. Во продолжението, Французите влегоа во неверојатна серија од 6 голови и пред самиот крај на полувремето имаа предност од 8 разлика.
До крајот на полувремето и двата тима постигнаа по еден гол, па заминаа на пауза со резултат 17:9 за Франција.
Динамична игра и во вториот дел, барем од страна на Французите. Тие продолжуваат со постигнувањето на голови и во 40-та минута, Оливије зголеми на 21:10.
Натпреварот продолжи понатаму, а веќе во наредната минута Карабатиќ со проектил зголеми и на 23:10.
Како изминуваше натпреварот, така предноста на Франција растеше, а во еден момент, односно 54-та минута таа достигна неверојатни 15 голови предност. Но набрзо се освести Јапонија и ја намали предноста, па во 58-та минута, таа изнесуваше 12 голови.
Така остана и до крајот на натпреварот, па Франција триумфираше со 12 голови разлика, односно со 31:19 против Јапонија. Најдобар стрелец во натпреварот беше Фабрегас со 7 постигнати голови.