Герет Бејл суспендиран два натпревари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Велшанецот во тимот на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе мора на подолга пауза после црвениот картон против Лас Палмас.

Бале оттурна еден противнички фудбалер па главниот судија му покажа црвен картон.

Новите негативни вести за него стигнаа денес бидејќи шпанскиот фудбалски сојуз го суспендира на два натпревари поради црвениот картон. Тоа значи дека Бејл ќе го пропушти утрешниот натпревар против Еибар и натпреварот против Бетис.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем се врати на терен на 18-ти февруари после тешката повреда на крајот на минатата година, а оваа сезона има одиграно 20 натпревари и постигнато 9 погодоци во дресот на кралскиот клуб.