Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се одиграа три натпревари на СП во Франција, два од второто коло и еден натпревар од третото коло.
Ракометарите на Шведска славеа против Аргентина во натпревар од второто коло од групата Д со 17:35.
Чиле подобро го отвори натпреварот и стигна до водство од 2 погодоци, 3:1. Швеѓаните со серија од пет погодоци направија пресврт, 5:8.
Екберг, Захринсон и Толбринг погодија за 7:12 во 20-та минута од натпреварот. Нилсон и Захринсон во финишот на првото полувреме погодија за водство на Шведска, 11:16.
Швеѓаните во второто полувреме доминираа на паркетот. До двоцифрена предност стигнаа во 44-та минута од натпреварот со погодокот на Захринсон, 14:24.
До крајот на натпреварот ја зголемуваа разликата која на крајот стигна до 18 погодоци, 17:35. Матиас Захринсон постигна 8 погодоци. Себастијан Симоне беше најефикасен во Аргентина со 5 погодоци.
Репрезентацијата на Германија го декласира Чиле во натпревар од второто коло од групата Ц со 14:35.
Ернст и Винчек на стартот на натпреварот погодија за водство на Германија, 0:2. Германците направија серија од четири погодоци, 2:7.
Тотална доминација на германците во првото полувреме и после триесет минути игра имаа огромно водство од 6:17.
Доминација на германските ракометари и во второто полувреме. Во 56-та минута од натпреварот германците имаа водство од 20 погодоци, 13:33. Германија на крајот славеше со убедливи 14:35.
Јаник Колбахер беше најефикасен во репрезентацијата на Германија со 8 погодоци. Руне Дамке постигна 7 погодоци. Хавиер Фрелиј, Емил Фојтчман, Естебан Салинас и Кристиан Мол беа најефикасни кај Чиле со по 2 погодоци.
Најинтересниот натпревар беше помеѓу Исланд и Тунис кој заврши нерешено, 22:22.
Тунижаните со погодоците на Тоуми, Банур и Бугами стигнаа до водство од 3:6. Бугами и Саиед подоцна зголемија на четири погодоци предност, 4:8. Арнарсон и Магнусон во 20-та минута од натпреварот намалија на 6:9.
Швеѓаните со серија од три погодоци спуштија на само еден негатива, 9:10. Банур во последната минута од натпреварот погоди за 11:13 на полувреме.
Двата погодоци на Магнусон и едниот на Карасон на стартот на првото полувреме му донесоа водство на Исланд, 14:13.
Сигурдсон постигна два погодоци, а еден Гудмундсон за 17:14. Бугами и Тоуми намалија на 17:16.
Банур погоди два пати во низа и го израмни резултатот во 46-та минута од натпреварот, 18:18.
Сигурдсон и Магнусон одговорија со иста мерка на серијата на Банур и повторно го вратија водството на Исланд од два погодоци, 20:18. Пет минути пред крајот на натпреварот Банур и Бугами постигнаа два погодоци во низа и го израмнија резултатот, 21:21.
Уште по еден погодок постигнаа двете репрезентации до крајот на натпреварот за конечни 22:22. Банур беше најефикасен кај Тунис со 12 погодоци. Гудјон Валур Сигурдсон со 5 погодоци беше најефикасен во репрезентацијата на Исланд.