Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште два натпревари се одиграа од четвртото коло на СП во Франција.
Германија славеше против Белорусија во натпревар од четвртото коло од групата Ц, 25:31.
Грецки и Хафнер погодија за 4:6. Белорусите преку Кулеш(2) и Рутенка(1) направија пресврт, 7:6.
После петнаесет минути игра белорусите имаа водство од 10:8. Германците постигнаа три погодоци во низа за пресврт, 10:11.
Со погодокот на Хафнер на полувреме се замина со резултат 16:16.
Трите погодоци во низа на Грецки му донесоа на Германија предност од три погодоци на почетокот на второто полувреме, 16:19.
Белорусите постигнаа три погодоци во низа и намалија на 22:25 во 48-ма минута. Генсхајмер постигна два погодоци во низа за 23:28.
Друкс и Фет со двата погодоци во низа зголемија на шест погодоци предност за Германија, 24:30. Германија на крајот победи со 25:31 и ја запиша четвртата победа на ова СП во исто толку натпревари.
Уве Генсхајмер ја предводеше Германија до победа со 8 погодоци. Сиархеи Шилович, Артсем Каралек и Шинкел кај Белорусија го завршија натпреварот најефикасни со по 4 погодоци.
Данска го победи Бахреин во натпревар од четвртото коло од групата Д, 30:26.
Се играше гол за гол се до десетата минута од натпреварот. Тофт два пати, Ландин и Дамгард по еднаш погодија за 9:5.
Хансен, Андерсон и Тофт Хансен зголемија на 12:6. Со три погодоци во низа бахреинците стигнаа до три погодоци негатива, 12:9.
На полувреме Данска имаше водство од четири погодоци, 17:13.
Бахреинците во 45-та минута стигнаа до само еден погодок негатива, 24:23. Хабиб Хасан и Али Алсајад постигнаа по два погодоци.
Два пати Дамгард и по еднаш Тофт и Ландин донесоа предност од пет погодоци, 28:23.
Данците до крајот ја задржаа предноста и ја запишаа четвртата победа на ова СП во исто толку натпревари, 30:26.
Хенрик Тофт со 6 погодоци ја предводеше Данска до победа. Најефикасни кај Бахреин беа Комаил Али Махфудх и Мохамед Хабиб Хасан со по 6 погодоци.