Германката Сиегемунд го освои Штутгарт


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лаура Сиегемунд во финалето на ВТА турнирот во Штутгарт ја победи Кристина Младеновиќ, 1:2 во сетови.

Германката првиот сет го доби многу лесно, 1:6. Направи три брејка и тоа беше доволно за освојување на првиот сет. Младеновиќ се разигра во вториот сет, па четвртиот и осмиот гем го одзеде сервисот на Сиегемунд и го израмни резултатот во сетови, 6:2, 1:1.

Во одлувачкиот сет видовме голема борба на двете тенисерки. По два пати двете тенисерки направија брејк, па победничката мораше да биде решена во тај-брејк. Сиегемунд во тај-брејкот направи пресврт и победи со 5:7.