Германската полиција: Засега нема докази за тероризам


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дортмунската полиција соопшти на конференцијата за медиумите одржана вечерва дека трите експлозии кои се случија во Дортмунд најверојатно не се тероситички напад.

Играчите на Борусија од Дортмунд, да потсетиме, со автобус од хотел тргнаа кон стадионот Сигнал Идуна Парк каде што требаше да играат четвртфинален дуел од ЛШ против Монако.

Но, во текот на патот експлозивна направа е активирана во грмушка покрај патот, а детонацијата се скрши стакло од кое се пресече дефанзивецот на Дортмунд Марк Бартра кој е префрлен во лечење.

Како што светските медиуми наведуваат, освен овие експлозии се слушнаа уште две во близина, а околу девет часот во близина на хотелот е пронајден уште еден сомнителен објект.

Исто така, во близина на несреќата е пронајдено писмо чија содржина сеуште не е откриена во јавноста.

„Засега нема докази дека се работи за терористички напад. Ќе работиме цела ноќ со цел да собереме што повеќе докази. Сите полициски сили се мобилизирани и ангажирани на овој случај“, рече директорот на локалната полиција Грегор Ланге.