Гигс го одбра најдобриот играч со кого играл во ист тим


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го избра најдобриот тимски колега со кого играл на „Олд Трафорд“.

    Во текот на 24. години поминати на Тетарот на соништата, Гигс играше со големи играчи како Ерик Кантона, Питер Шмајхел, Дејвид Бекам, Брајан Робсон…

    Сепак, еден е пред сите, а тоа е Кристијано Роналдо.

    „Луѓето зборуваат каков тежок период имаше по доаѓањето во клубот, но тој и денес, како и на тој прв ден, работи се само за да биде најдобар. Тој е неверојатен, најдобар фудбалер со кого сум играл“, изјави Гигс.

    Роналдо шест години играше за Манчестер Јунајтед, а освои три титули во Премиер лигата, два Лига Купа, ФА Куп и Лига на Шампиони.