Ги нема Роналдо и Бејл, тука е Бензема – Французинот со два погодоци и асистенција го потопи Еибар (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид победија на Ипуруа против Еибар во натпревар од 26-то коло во Ла Лига, 1:4.

Кралевите стигнаа до водство во 14-та минута од натпреварот. Бензема шутираше, но Јоел одбрани, па топката се одби до французинот кој ја затресе мрежата на Еибар.

После нафрлувањето од слободен удар на Хамес, Бензема го постигна вториот погодок на натпреварот за 0:2. Четири минути подоцна Хамес на асистенција на Бензема зголеми на 0:3.

Хамес после еден час игра ја погоди стативата, но топката се одби до Асенсио кој погоди во празната мрежа за 0:4. Навас го одбрани ударот на Енрих со глава од блиску. Во 72-ра минута Пења го постигна единствениот погодок на натпреварот за Еибар и ги постави конечните 1:4.

Реал Мадрид после оваа победа ќе се искачи на првата позиција со два бода повеќе од второпласираната Барселона која вечерва го игра натпреварот од 26-то коло. Кралевите имаат и натпревар помалку од каталонците.