Главоболка за Лопетеги, без незаменливиот на „Мадрилењо“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проба да се опорави, не успеа, не само што ќе го пропушти дербито, туку и натпреварите со ЦСКА во ЛШ и Алавес пред новата двенеделна пауза.

Марсело е незаменлив, ќе видиме што ќе направи Лопетеги, веројатно Начо би требало да заигра лево, Карвахал ќе го завземе местото на Одриозола.

Тоа не е единствен проблем за Лопетеги, Иско го очекува долга пауза поради операција, па ова ќе ги разреши дилемите околу формацијата. Реал ќе игра 4-3-3. Асенсио, Бејл и Бензема во нападот, додека Касемиро ќе им го чува грбот на Модриќ и Крос.

Што се однесува до Атлетко, Стефан Савиќ е повреден, па веројатно нема да биде во стартниот состав. Симеоне смета на сите други играчи.