Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роџер Федерер и покрај своите 37 години игра одлично. Тој го совлада Вавринка во 1/16 финалето од Индијан Велс со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4 и така ја продолжи доминацијата над својот сонародник.
На Федерер му требаше нешто помалку од еден час да го зголеми својот рекорд на 22-3 над Вавринка, поранешниот трет играч во светот кој моментално се наоѓа на 40. место на АТП листата и се враќа после двократна операција на коленото.
Четвртиот носител Федерер кој е пред потенцијално освојување на шестата титула на Индијан Велс, во наредното коло ќе игра против Британецот Кили Едмунд кој беше подобар од Раду Албот.
37-годишниот Федерер го поправи своето расположение откако го продолжи својот низ на победи против Вавринка на тврда подлога, кој сега изнесува неверојатни 17-0.
Федерер доби уште поголема шанса да дојде до нова титула на Индијан Велс, откако Ѓоковиќ изненадувачки испадна од Филип Колшраибер, кој славеше против првиот тенисер на светот со 6-4, 6-4.
Federer gets it done.
He defeats ??compatriot Wawrinka in straight sets to reach R4 of Indian Wells…
?: #USOpen pic.twitter.com/Jz3gVMQRKQ
— US Open Tennis (@usopen) March 13, 2019
A cool desert night makes for scorching tennis ? @stanwawrinka @rogerfederer #BNPPO19
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 13, 2019