Голден Стејт задржува уште еден дел од шампионската сложувалка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако сме 3 месеци оддалечени до почетокот на НБА сезоната, сепак добрите вести за Голден Стејт Вориорс не запираат.

Тие успеаја да најдат заеднички јазик со Џавел МекГи и тој потпиша нов договор со актуелниот шампион на НБА лигата. Што се однесува до деталите, МекГи потпиша едногодишен договор и тој во наредната сезона ќе го заработува ветеранскиот минимум кој изнесува нешто над 800 000 долари годишно.

Откако Вориорс ја завршија минатата сезона како шампиони беа одлучни да ги задржат сите играчи кои беа дел од тимот. Со потпишувањето на Џавел МекГи нивната цел е постигната и атакуваат кон задржувањето на приматот на најдобар тим во лигата.