Голеада на Бенито Виљамарин – Шест парчиња за Бетис од Реал Мадрид


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во последниот натпревар на програма денес, фудбалерите на Реал Мадрид славеа убедливо на Бенито Виљамарин против Бетис со 1:6.

    Уште во четвртата минута го видовме првиот погодок на Бенито Виљамарин. После нафрлувањето на Тони Крос од слободен удар, Рафаел Варан погоди со глава за водство на Реал Мадрид. Кристијано Роналдо промаши зицер, а Герет Бејл пак ја погоди стативата. После половина час игра водството на кралскиот клуб се зголеми. Тони Крос му подаде на Карим Бензема, а франзуцинот го совлада Адан. Неколку минути подоцна Марсело погоди за 0:3. До крајот на првото полувреме видовме уште еден погодок во мрежата на Антонио Адан. Фантастична акција одиграа фудбалерите на Реал Мадрид која почна од Ковачиќ, а ја заврши Иско. Бетис постигна погодок во 55-та минута преку Алваро Сехудо и го намали водството на кралскиот клуб. Неколку минути подоцна Кристијано Роналдо асистираше, а Иско го постигна вториот погодок на натпреварот, пети за Реал. Кристијано Роналдо успеа да се запише во листата на стрелци во 78-ма минута и ги постави конечните 1:6.

    Реал Мадрид со оваа победа се враќа на втората позиција и има исто бодови со лидерот Атлетико Мадрид.