Голеада на Риазор – Реал Мадрид без триото BBC го разнесе Депортиво


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Депортиво на Риазор во натпревар од 34-то коло во Ла Лига, 2:6.

После неполна минута игра Алваро Мората погоди за водство на кралскиот клуб.

Лукс го одбрани ударот на Асенсио. Младиот фудбалер на Реал потоа ја погоди стативата. Во 14-та минута нов погодок во мрежата на Депортиво, овој пат Хамес стрелец.

Неверојатниот Лукс со неверојатна одбрана ги запре ударите на Лукас и Мората. Промашувањата на Реал ги казни Андоне кој намали на 1:2. Пред крајот на првото полувреме Васкез го врати водството на Реал од два погодоци.

Васкез во второто полувреме шутираше непрецизно. Хамес во 66-та минута го постигна својот втор погодок на натпреварот.

Иско погоди за 1:5. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хоселу постигна погодок со глава, 2:5. Три минути пред крајот на натпреварот Касемиро ги постави конечните 2:6.