Големо изненадување, ако не сака Зидан или Мурињо, Перез најде тренер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И понатаму нема информации што ќе се случи во понеделник.

Иако медиумите веруваат дека Мурињо ја прифатил понудата и ќе седне на клупата на сред сезона, се чини дека сите во клубот се за Зидан и дека Перез е осамен во желбата веднаш да се врати Португалецот.

Извесно е дека Солари ќе биде на клупата против Ваљадолид и дека неговата одисеја завршува.

Она што Перез би можел да направи е да постави тренер до летото, имено се работи за Кларенс Сидорф кој го водеше Милан и излезе со Ла Коруња од лигата наводно прифатил да биде на клупата до летото.

Тој е поранешен играч на клубот, има искуства, верува дека сезоната би ја завршил без проблеми.

Поради што Перез би го направил ова.

Се зборува дека сака да го почека Зидан кој моментално го одбива, но можеби ќе се предомисли до летото.

Во секој случај, после викендот ќе го добиеме одговорот на прашањето кој ќе го тренира Реал макар и до јуни, а ако тоа биде Сидорф, со Зидан и Мурињо од летото други кандидати ќе бидат Алегри, Лев и наводно Јирген Клоп, ако не освои трофеј со Редсите.