Голем предизвик за Билиќ, Лидс на Енфилд!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Вечерва е одржан ждребот од четвртфиналето на ЕФЛ Купот, а таму нема да гледаме ниту еден голем дуел.

    Манчестер Јунајтед на 28 ноември во веројатно најинтересниот меч ќе го дочека Вест Хем на Славен Билиќ.,

    Тешка задача ќе има и Арсенал, кој тим ќе игра против Саутемптон, додека после долго време Лидс ќе гостува на Енфилд кај Ливерпул.

    Во преостанатиот меч Хал ќе ја дочека екипата на Њукасл.

    Натпреварите се играат на 28 ноември.

    Паровите од четвртфиналето: Ливерпул – Лидс, Манчестер Јунајтед – Вест Хем, Хал – Њукасл и Аренал – Саутемптон.