Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Полска ја победи Аргентина во натпревар за 17-то место на СП.
Од почетокот на натпреварот двете репрезентации играа гол за гол. Со трите погодоци во низа на Прзибилски, Полска стигна до водство, 12:10.
Виејра и Портела набрзина го израмнија резултатот, 12:12. На полувреме се замина со нерешен резултат, 13:13.
Со погодоците на Виејра и Фернандез, Аргентина стигна до водство од два погодоци, 14:16. Симоне во 44-та минута погоди за 16:19.
Двата погодоци на Симоне и едниот на Виејра му донесоа водство на Аргентина од пет погодоци, 17:22.
Дачко, Крапковски, Крајевски, Дашек и Прзибилски погодија за израмнување, 22:22 седум минути пред крајот на натпреварот.
Полска во водство стигна пет минути пред крајот кога Дашек погоди за 23:22. Kрајевски во последната минута му донесе победа на Полска и ги постави конечните 24:22.
Крајевски со 6 погодоци ја предводеше Полска до победа. Федерико Фернандез со 8 погодоци беше најефикасен во Аргентниа.