Голем проблем за Реал Мадрид – Останаа без дефанзивец


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот фудбалер, Рафаел Варан се повреди на натпреварот против Валенсија во средата.

Овој 23-годишен дефанзивец поради големи болки во задната ложа мораше да го напушти натпреварот 20 минути пред крајот, а како што стојат работите повредата е сериозна.

Тренерот на кралевите, Зинедин Зидан на францускиот фудбалер нема да може да смета барем пет недели.

Варан ќе пропушти неколку важни натпревари за Реал, а на негово место ќе играат Пепе или Начо.