До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Росонерите без командантот на одбраната.
Се укажува на тоа дека Милан во дербито против Интер во наредниот викенд ќе биде лишен од услугите на најдобриот одбранбен играч Алесио Ромањоли.
Младиот командант на одбраната на Росонерите ги повреди препоните на мечот на репрезентациите на Италија и Германија и првите прогнози гласат дека ќе го пропушти Дерби дела Мадонина.
Лекарскиот тим на Росонерите не донесе конечна одлука, но според информациите на италијанските медиуми многу се поголеми шансите за Ромањоли да го пропушти дербито во недела вечер отколку да се опорави и да заигра.
Ова може да биде огромен проблем за тренерот на Монтела со оглед дека Ромањоли можеби и единствен стопер во екипата на кого може да се потпрат.
Тој досега беше стандарден во текот на сезоната и столб на одбраната на екипата на Монтела. Партнер во стоперскиот тандем најчесто беше искусниот Палета, но не остави баш посебен впечаток, заработи два црвени картони и беше една од послабите точки.
Алтернатива е парагвајскиот новајлија Густаво Гомез кој се врати после напорните репрезентативни обврски во Јужна Америка и лошите изданија во мечевите против Перу и Боливија.
Втора алтернатива е допрва опоравениот Кристијан Запата, а Монтела најверојатно нема да ризикува со ровитиот Колумбиец.















