„Гомеш повеќе ни одговара од Погба“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во минатата година Јувентус и Барселона потпишаа доворор со кој е договорено за шампионот на Шпанија да има право како прв купувач да го земе Погба. Овој договор го потврди Алберт Солер, спортски директор на Барселона.

„Имавме приоритет во случај ако Јувентус го продаде Погба, но во ова лето се откажавме после што анализиравме дека постојат играчи кои повеќе ни одговараат во натпреварувачка смисла, во смисол на формација и позизија во која сме дефицитарни. Затоа се одлучивме на Гомеш“.

Погна за рекордни 105 милиони евра отиде во Манчестер Јунајтед, додека Барселона за три пати помалку средства го доведе Андре Гомеш од Валенсија. За ваков потег, Барса веројатно се одлучи и поради тоа што во нападот имаат и тројца феноменални напаѓачи: Суарез, Нејмар и нормално Меси.