Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска го слави Златко Далиќ. Тој направи голем успех со „Ватрените“ и дојде до второт место на СП.
На прашање за својата иднина на клупата на Хрватск даде јасен одговор.
„Дали сумс спремен да продолжам понатаму? Спремен сум за одмор. Ова беа два напорни месеци. Среќен сум поради времето кое го поминавме заедно, ќе ми недостигаат играчите кога ќе се разделиме. Сега ќе земам тајм аут. Никогаш не сум носел одлуки преку ноќ. Сега размислувам околу тоа среќно да се вратиме дома во Хрватска и да се одморам“.
Свесен е дека неговите момци можеа до златото.
„Играчите бе многу тажни после натпреварот. Им реков да ги дигнат главите горе, бидејќи немаме причина да биеме тажни, туку горди на она што го направивме. Останува жалењето бидејќи добро игравме и резултатот не е реален, но среброто е одлично достигнување. Моите играчи беа достоинствени во сите победи и сакам такви да останат и по поразите. Хрватска беше одлична на ова СП. Ви благодариме на сите, за крај сакам да кажам дека сум горд на моите играчи, на момците и на мојата земја“.
Тој му честиташе на Модриќ и кажа дека тоа го заслужува.