Гостувањето на Реал во Каталонија под знак прашалник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мечот од шпанската Ла Лига помеѓу Жирона и Реал Мадрид кој е на распоредот во недела би можел да биде одложен. Причината е од безбедносни мерки.

Постои можност Владата во Каталонија тој викенд да прогласи независност од Шпанија, а ваквата евентуална одлука би ги извела луѓето на улиците.

Реал има гостување во предградието на Барселона, а локалните власти не можат да гарантираат потполна безбедност и постои можност натпреварот да се одложи.

Тренерот на Кралевите, Зидан изјави дека сака неговиот тим да го одигра натпреварот без разлика на политиката.

„Ние не се плашиме, сакаме да го одиграме овој натпревар и не сакаме да мислиме на други работи“.

Доколку се одлучи мечот да се одигра, Кралевите ќе имаат навистина големо обезбедување, а се одредени мерки за зголемена безбедност, како на пример, нема да се патува со клупскиот автобус, а во хотелот каде што ќе престојуваат исто така се превземени големи мерки на обезбедување за да не дојде до напад на фудбалерите на Реал.

На екипата на Жирона ова им е дебитантска сезона во Ла Лига и ова е историски настан за нивниот тим.