Готово е: Чемберлејн е нов играч на…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

Англиските медиуми пренесуваат дека Алекс Окслајд Чемберлејн и официјално е нов играч на Челзи.

Чемберлејн, кој му се приклучи на Арсенал во 2011 година, ја одби астрономската понуда од 180.000 фунти неделно и замина во голем клуб за да си го исполни својот сон.

Главни кандидати за неговиот потпис беа Ливерпул и Челзи, но откако од „Енфилд“ стигна веста дека е потпишан Наби Кеита, од Лајпциг, тимот на Антонио Конте остана сам во битката за потписот на Англискиот репрезентативец.

Се верува дека Челзи на Арсенал му исплатил сума од 35 милиони фунти, за играчот кој несомнено вреди повеќе, но со оглед на ситуацијата и неговиот договор кој завршува наредното лето, ривалите од јужен Лондон го добија многу ефтино.