До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот весник „Франс Фудбал“ објавуваа денеска по пет имиња од вкупно 30 колку ќе се најдат во изборот за престижната награда.
Сега броењето е завршено, во продолжението погледнете ги сите кандидати.
По групи од пет имиња се објавени номинираните играчи. Во првата група се најде Кристијано Роналдо, заедно со него беа и Бејл, Буфон, Обамејанг и Кун Агуеро.
Потоа е објавено дека во конкуренција за престижната награда се и Кевин Де Брујн, Диего Годин, Пауло Дибала, Игуаин и Гризман.
Во третата група се најдоа Златан Ибрахимовиќ, Роберт Леванвоски, Иниеста, Крос и Коке, а сега целиот список од 30 имиња е комплетен.
На него се наоѓаат двајца играчи на Лестер, уште тројца на Барселона, како и три играчи на минхенски Баерн, Реал доби уште три имиња, Манчестер Јунајтед уште едно, а во конкуренција се уште по еден играч на Спортинг од Лисабон, Тотенхем и Вест Хем.
Сума сумарум Реал Мадрид има шест номинирани, Барса и Баерн по четири, по три номации може да се пофалат Јувентус и Атлетико Мадрид, додека по две имаат Манчестер Сити, Јунајтед и Лестер.
По еден претставник во изборот за Златна топка ќе имаат Спортинг, Тотенхем, Вест Хем и Борусија Дортмунд.















