Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Кошаркарот на Минесота, Ендрју Вигинс следната сезона ќе го одработи својот „Руки“ договор, кој е минимален во однос на големите НБА ѕвезди кога се во прашање парите, но Минесота сака да го задржи играчот и да му понуди 5 годишен договор вреден 150 милиони долари.
„Според мене со новиот договор, Вигинс ќе се залага повеќе за тимот и ќе прионесе“ – изјави Глен Тејлор првиот човек на „Волците“.
„Сакеме да бидеме подобри секоја сезона, но за да се случи тоа мора да ги обезбедиме најдобрите играчи.“ – заврши Тејлор.
Минатата сезона кошаркарот ги одигра сите 82 средби за тимот и бележеше просек од 23 поени по натпревар, 4 скока и 2.3 асистенции.