До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челниците на ПСЖ во летото тргнаа во потрага за напаѓач после што Златан Ибрахимовиќ премина во Манчестер Јунајтед.
Една опција беше и напаѓачот на Виљареал Седрик Бакамбу, кој се „исплаши“ од конкуренцијата на Паркот на Принцевите.
„Вистина е дека ПСЖ ме контактираше. Прво се зборуваше дека ме сакаат како партнер на Кавани во нападот, но почувстував доверба во моите способности“, рече Бакамбу, и додаде:
„Го одбив тој трансфер бидејќи не сакав да ја греам клупата во ПСЖ, Подобро ми е да играм во Виљареал, каде што повеќе ми веруваат“.















