Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текот на интервјуто на аргентинската телевизиска емисија La Cornisa, Лионел Меси открил дека морал да ја победи нездравата љубов спрема чоколадите и газираните сокови за да го постигне врвот во својата професија.
Во тој подвиг многу му помогнал италијанскиот нутриционист Џулијано Посер, инаку негов голем пријател.
„Се хранев многу нездраво долги години. Дури и кога имав 22 или 23 години, јадев многу чоколади, колачи додека пиев многу сок. Тоа уште го правам, но во умерени количини. Сега сум свесен дека и една чаша вино нема да наштети. Порано тоа што го правев беше многу погрешно, но на крајот сфатив и се ставив себе си под контрола“.
„Кога последен пат плачев? Плачев од радост кога се роди Матео, мојот втор син. Тиаго имаше комплирано породување. Матео од друга страна дојде без многу проблеми Раѓањето на Чиро исто така ни донесе многу радост“.