Го чинеше Венгер богатство, црвениот му е како навика!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Играчот за врска мораше на туширање порано, му стана навика, но Гунерите во осмото коло се снајдоа и без него.

    Првата летна аквизација на Арсен Венгер, швајцарскиот интернациналец Гранит Џака заработи директен црвен картон во второто полувреме од дуелот со Свонси.

    Тој прилично невнимателно стартуваше над фудбалерот на гостите Бери и така внесе драма во дуелот на Топџиите и Лебедите, а во тој момент на семафорото стоепе 3:2 за домаќините.

    Емирати стравуваше, но за среќа што на две минути пред овој невнимателен старт на поранешниот фудбалер на Базел и Гладбах, тренерот на домаќините Арсен Венгер во игра наместо Ивоби го внесе дефанзивно настроениот Кокелин, и резултатот остана непроменет.

    Арсенал така со играч помалку дојде до нови три бода, а интересен е статистичкиот податок дека Гунерите се единствена екипа во Премиер лигата која има позитивен скор со играч помалку на терен. Тие  со десетмина остварија 30 победи, а се поразени во 26 пати.

    Сепак, тоа што може да ги загрижи е фактот дека Џака буквално „ужива“ во црвените картони.

    Швајцарскиот играч за врска во претходните две и пол години заработи дури осум црвени картони, сметајќи и директното исклучување кое го заработи носејќи го дресот на националниот тим против Португалија во претходниот меч.

    Кога на се ова ќе додадеме дека  е човек кого најчесто го поврзуваат со црвените картони, фудбалерот на Реал Мадрид Серхио Рамос кој заработи 21 директно исклучување носејќи го дресот на Мадриѓаните, поцрвене само 4 пати во истиот период, се е јасно.