„Грешките болат, не сме машини“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Сити се реваншира на Барселона за поразот од пред две недели и на Итихад славеше со 3:1 во четвртото коло од Лигата на шампионите и покрај тоа што Барселона преку Меси поведе во 21 минута.

    „Одигравме 40 спектакуларни минути, но направивме неколку грешки кои нас не болат бидејќи не сме машини“, рече тренерот на каталонскиот тим Луис Енрике после мечот.

    „Мислам дека првите 40 минути беа најдобри 40 минути кои ги одигравме досега. После грешката кај првиот гол се тргна наопаку. Правевме повеќе грешки од обично. Сега се во групата и понатака е отворено и нашата цел е во наредните два меча да запишеше две победи“.

    Барселона на гостувањето против Сити дојде без тројца играчи – Алба, Пике и Иниеста, но Енрике во тоа не бара оправдување.

    „Кога ќе загубите натпревар не е добар момент да зборувате за играчите кои не можеа да играат веќе за тие кои беа на теренот. Заборавате дека и ривалот истотака игра фудбал. Не е ова никакво изненадување или нешто непознато, не е нешто што не се случува на Барселона. Во секој случај, мислам дека немаме никаков тактички проблем и нешто што треба да менуваме“, заклучи Енрике.