Грешките на Луис Енрике на секои позии кои Валверде не смее да ги повтори!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали Луис Енрике влечеше добри потези? Дали можеше да повлече подобри? Колку број на трофеи од девет од 13 го оправда неговиот учинок на Ноу Камп?

Од вчера и официјално, Луис Енрике го доби својот наследник, Ернесто Валверде ќе има тешка задача да се докаже во наредните две години и да заслужи уште една сезона, под договор со Барселона.

Пред да погледнете напред, и се што Валверде мора да промени, не е на одмет да се погледнат потезите на Луис Енрике и да се анализира дали се откаже од вистиски играчи и дали наоѓаше адекватни замени за тие кои што мораа да заминат.

Лучо екипата ја презеде во летото 2014 година после очајната сезона под водство на Херардо Мартино и освојувањето само на Суперкупот на Шпанија на стартот на сезоната.

Луис Енрике тогаш се одлучи да ги продаде Алексис Санчез, Жерар Делуфеу, Сеск Фабрегас, а некако успеа да ги задржи Чави и Педро на уште една година, а наместо само што пензионираниот капитен Карлес Пујол ги доведе Матје и Вермален (?!).

Во тоа лето стигнаа Клаудио Браво, Марк Андре Тер Штеген, Томас Вермален, Жереми Матје, Иван Ракитиќ и Луис Суарез.

После освојувањето на „триплета“ никој не можеше да приговори на Лучо поради тоа што Ракитиќ и Суарез беа вистински засилувања за тимот.

Во втората сезона, ги немаше Чави, Педро, а иако е освоена дуплата круна во Шпанија, Арда Туран и Алеиш Видал, со Мунир Ел Хадади и Сандро Рамирез од Барса Б, не ги оправдаа очекувањата.

Се отиде во надолу кога во наредното лето, Луис Енрике остана и без Дани Алвеш, трет играч после Чави и Педро, кој едноставно не успеа да најде ни приближна замена.

Покрај тоа, даде залено светло да замине Марк Бартра, како и Томас Вермален, кој рака на срце е еднакво лошо решение како и Матје.

Исто така замина и Браво, иако Чилеанецот беше одличен во првите две сезони и можеше да остане втор голман наместо слабиот Јаспер Силесен.

Во средниот ред стигнаа Андре Гомеш, Денис Суарез, кој исто така со Адрда покажаа дека не се достојна замена ни за Рафиља, а камоли а Чави.

Во нападот промануваше беше и Пако Алкасер, како и Мунир и Сандро година дена пред, па така кога ќе сумираме, Лучо баш и не доведе адекватни замени за играчите кој сам ги избрка или тие кои и сами сакаа да заминат.

На Енрике исто така му замерија што не пружи доволно шанса на играчите од Ла Масија, а  покрај Мунир и Сандро, кој искрено и со право се откажа, многумина сметаат дека направил голема грешка со продажбата на одличниот лев бек Грималдо, капитен на Барселона Б кој е продаден за милион евра во Бенфика, а сега вреди преку 30.

Покрај Грималдо, шанса од школата сигурно пред Гомеш и Пако Алкасер, можеа да добијат „бесплатните“ Серхи Сампер и Жерар Делуфеу од кого дури два пати се откажуваа.

На Луис Енрике треба да се оддаде признание за добрите игри на Иван Ракитиќ во првата сезона и Луис Енрике, додеда во последните две лета погоди само со доведувањето на Самуел Умтити.

Навистина, не е реално да се очекува за Алексис Санчез да прифати да остане и да биде на клупата во моментот кога се знаеше дека во клубот доаѓа Луис Суарез, како што и не можеше да го спречи заминувањето на Чави, Дани Алвеш, желбата на Педро да игра повеќе и пензијата на Пујол, но имаше доволно време за два пати да размисли пред да доведеше замени за таквитге играчи.

Впрочем, вака изгледаше склопена единаесеторка наиграчи од кои се откаже во текот на три години, и „адекватни“ замени и „засилувања“ кои го доведе во било кој момент од својот мандат.

Играчи кои што заминаа од Барса со нивна или со воља на тренерот Луис Енрике:

И нивните замени во текот на мандатот на Енрике од 2014 до 2017 година:

Од друга страна, кога ќе ги погледнеме бројките, девет од 13 можни трофеи е огромен резултат, како и две од три титули во Примера.

Меѓутоа, иако зеде една Лига на шампионите, јасно е дека екипа со такви имиља, со триото МСН можеше, како Реал Мадрид, да одигра барем уште едно финале или да освои уште еден европски трофеј.

Ќе видиме кои потези сега ќе ги повлече Ернесто Валверде, неговата работа почна вчера, а само еден трофеј во Шпанија, е малку за клуб каков што е Барселона.

За почеток, мора да ги извади дамките, да пронајде десен бек како дојстојна замена за Дани Алвеш, да го опорави Ракитиќ или да доведе некој друг, како и на време да почне да мисли на живот после Андрес Иниеста…