Гризман го отпушти менаџерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман се реши да го отпушти својот менаџер.

Тој смета дека и без помош на посредник може добро да профитира од своите партии, бидејќи ја предводеше својата екипа во минатата сезона до финалето на Лигата на шампионите, а потоа со шест постигнати голови е прогласен и за најдобар играч на Европското првенство.

Гризман во четвртокот во едно интервју и официјализира дека му даде отказ на својот менаџер.

„Сега ќе работам без агент, но секогаш ќе барам совет од својот татко и од својот ментор, Ерик Олхтатс“, откри напаѓачот за францускиот весник Л`Екип.

Во таква ситуација, одамна заинтересираните претставници на Челси, Манчестер Јунајтед и Арсенал директно ќе вртат на неговиот број.

Меѓутоа, за тоа дали и ќе се пресели во Англија ќе одлучува Атлетико Мадрид, за кој тим Гризман е врзан со договор до 2021 година, со откупна клаузула од 100 милиони евра.