Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид ремизираа на Сан Мамеш во натпревар од 19-то коло во Ла Лига.
Коке во третата минута ја затресе мрежата на Ираизоз за водство на Атлетико Мадрид. Пред крајот на првото полувреме Леке го израмни резултатот, 1:1.
Оскар Де Маркос во второто полувреме ги израдува по втор пат домашните навивачи, 1:2. Моја му одбрани фантастично на Муниаин кој имаше шанса да го зголеми водството на Билбао.
Гризман постигна фантастичен погодок десет минути пред крајот на натпреварот за конечни, 2:2.