Гризман му донесе бод на Атлетико Мадрид во градското дерби (ВИДЕО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ремизираа на Сантијаго Бернабе во натпревар од 31-во коло во Ла Лига, 1:1.

Јан Облак после петнаесетина минути игра го одбрани ударот на Бензема. Облак потоа повторно му одбрани удар на францускиот фудбалер на Реал Мадрид. Савиќ од гол линија ја извади топката по шутот на Роналдо. Пред крајот на првото полувреме Гризман се закани по голот на Навас кој се најде на вистинското место.

На почетокот на второто полувреме Облак го скроти ударот на Бензема. Во 52-ра минута Пепе му донесе водство на Реал Мадрид.

Четири минути пред крајот на натпреварот Антоан Гризман ги постави конечните 1:1.