До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган во ова лето се одлучи да ја напушти Борусија Дортмунд, и својата кариера ја продолжи во Манчестер Сити.
Гундоган во претходната година имаше големи проблеми со повредите, но се испостави дека доаѓањето на Итихад е вистински потег за него.
Германскиот фудбалер е стандарден во екипата на Пеп Гвардиола, и пружа одлични партии. Гундоган беше јунак во победата на Сити против Барселона (3:1) бидејќи постигна два гола.
На крајот се испостави дека Гундоган „пресуди“ на својата несудена екипа.
Имено, германскиот репрезентативец во ова лето требаше да премине во Барселона, но трансферот беше стопиран во последен момент.
Шпанските медиуми пренесоа дека челниците на Барселона објаснија зошто Гундоган не дојде на Ноу Камп.
Според пишувањата на Мундо Депортиво, Гундонган во летото беше на лекарски прегледи во Барселона, но е заклучено дека постои голем ризик да се повреди, и поради тоа Барселона не сакаше да потпише договор со него.
Гундоган на крајот за 24 милиони евра отиде во Манчестер Сити каде што неделно заработува 120 000 фунти. Се чини дека е ова еден од ретките пропусти на трансфер политиката на каталонската екипа.














