До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Каталонците во овој викенд се враќаат на стадионот на кој не победиле веќе девет години.
Фудбалерите на Барселона во недела гостуваат на Реал Сосиедад во 13 коло од Примера, што ќе биде еден од тешките тестови во оваа есен за тимот на Луис Енрике.
Неверојатно звучи, но Барселона не успеа да победи на последните седум гостувања во Сан Себастијан.
Последниот триумф Каталонците го забележаа уште во 2007 година, кога Самуел Ето и Андрес Иниеста погодија за 2:0.
Од тогаш, Барселона запиша дури пет порази и две реми на тој стадион, а Реал Сосиедад во меѓувреме успеа и да испадне и да се врати во Примера.
Со Луис Енрике на чело, Барселона загуби во два пати со идентичен резултат 1:0, а сега тренерот на каталонскиот клуб е под поголем притисок, поради тоа што во наредниот викенд следува дуел со Реал Мадрид кој има четири бода повеќе.
Натпреварот Реал Сосиедад – Барселона е на програмата во недела од 20:45.
Погледнете ги резултатите меѓу двете екипи од последната победа на Барселона во мај 2007 година:
Април 2011: Реал Сосиедад – Барселона 2:1
Септември 2011: Реал Сосиедад – Барселона 2:2
Јануари 2013: Реал Сосиедад – Барселона 3:1
Февруари 2013: Реал Сосиедад – Барселона 1:1
Февруари 2014: Реал Сосиедад – Барселона 3:1
Јануари 2015: Реал Сосиедад – Барселона 1:0
Јануари 2016: Реал Сосиедад – Барселона 1:0















