Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ждребот за првиот мастерс оваа сезона беше повторно на страната на првиот рекет, Енди Мареј.
Сезоната на мастерси во светот на тенисот почнува оваа недела во Индијан Велс. На турнирот кој се игра на отворено на тврда подлога за награден фонд од околу 7 милиони долари ја брани србинот Новак Ѓоковиќ.
Дури Ѓоковиќ, Надал и Федерер продолжуваат да добиваат тешки противници кој знае по кој турнир по ред, Енди Мареј има среќа во ждребот.
Новак во четвртфиналето може да се сретне со Надал или Федерер. Во полуфиналето на Мареј можни противници се Нишикори и Чилиќ. Во втората половина од ждребот малку останаа добри тенисери, па така заедно со Мареј треба да се споменат Вавринка, Гофан, Цонга, Бердих и Тим.
Победникот на АТП Индијан Велс ќе освои 1000 АТП поени и 1.175.505 долари.
Целиот ждреб можете да го погледнете овде: http://www.protennislive.com/posting/2017/404/mds.pdf