До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Капитенот на Пари Сен Жермен Тијаго Силва рече денеска дека сака да го продолжи договорот со тој фудбалски клуб, и покрај тоа што за него е заинтересиран Јувентус.
Договорот со Силва истекува во наредното лето, но 32-годишниот Бразилец рече дека очекува нов договор.
Шпекулациите за заминување ги засили агентот на Силва, кој рече дека неговиот клиент може да го напушти Пари Сен Жермен ако прашањето за договор не биде решено до декември.
„Не е на мене да одлучам, мораме да разговараме. Почнавме со преговорите во минатата година, на крајот на сезоната, а тогаш се прекина, не знам поради што. Среќен сум во Пари Сен Жермен, сакам да останам и да го продолжам договорот. Мораме да разговараме со претседателот за да знаеме што ќе работиме во иднина“, рече Силва, а пренесуваат британските медиуми.
Силва дојде во Пари Сен Жермен во 2012 година од Милан и за тоа време освои четири шампионски титули, два Купови на Франција и три Лига Купови.















